Вести

  • |

Алфа ТВ, 10.03.2010


Холандски новинари ги докажаа недостатоците во контролниот систем на аеродромите во Амстердам и Лондон


Два месеца по неуспешниот обид за терористички напад извршен на Божик од нигерискиот државјанин Омар Фарук Абдулмуталаб, група холандски новинари успеаја да пренесат шест литри течност во патнички авиони од аеродромот „Схипхол“ во Амстердам до САД. Во прилог емитуван на холандска телевизија, новинарот Алберто Стегеман покажа како тој и уште двајца негови колеги пренесуваат шишиња од безцаринската продавница на „Схипхол“ на авион кој сообраќа до лондонскиот аеродром „Хитроу“, а од таму до меѓународниот аеродром во Вашингтон.На 16 февруари новинарите внеле шест шишиња рум „Бакарди“ во авионот на „Бритиш мидленд ервејз“, кои една недела претходно ги купиле од безцаринската зона на аеродромот „Схипхол“, ги однеле дома, ги испразниле и ги наполниле со вода. На денот на летот тројцата ги вратиле шишињата повторно во продавницата, преправајќи се дека првпат ги купуваат. Продавачот ги спакувал, ги маркирал и им ги дал заедно со авионските карти. На аеродромот „Хитроу“ новинарите се префрлиле во авион на „Јунајтед ерлајнс“.- Шишињата можеа да содржат течни експлозиви, истакна Стегеман, чија цел била да покаже дека и покрај неуспешниот напад за Божик, пропустите во безбедноста на меѓународните аеродроми се уште не се отстранети.- Се уште е можно да внесеш бомба во авион од „Схипхол“ до САД, објасни холандскиот новинар.Поради ова, денеска на аеродромот во Амстердам беа воведени зајакнати мерки за безбедност. Националниот координатор за антитерористички операции изјави дека во безцаринските фришопови ќе патролираат дополнителни екипи, кои ќе вршат поконкретни контроли на шишињата, кои се купуваат од таму. Продажбата на течности во некои од продавниците ќе биде забранета.

  • CAA
  • |
  • Dame Gruev 1, 1000 Skopje
  • |
  • Phone + 389 2 3114 046
  • |
  • Fax + 389 23 115 708

developed by artistika