Вести

  • |

Дневник, 18.03.2010


ЧСА ќе отпушти 130 пилоти


Чешката авиокомпанија ЧСА лани имаше загуба поголема од 3,5 милијарди круни (134 милиони евра), изјави директорот Мирослав Дворак за чешката државна телевизија. Раководството на авиокомпанијата во наредните неколку недели ќе ги соопшти плановите за реструктуирање, кои треба да помогнат во 2011 година да биде достигната еден вид „црна нула“ во рамки на стопанските резултати.Дворак дојде на чело на ЧСА кога фирмата се најде пред банкрот и фактот што тој е раководител и на прашкиот аеродром „Ризине“, чиј најголем клиент е токму авиокомпанијата, треба да му помогне да ја извлече ЧСА од финансиската криза, јави дописникот на МИА од Прага.Аеродромот во Прага остварува стабилна добивка, иако светската економска криза влијаеше на неговата работа. Минатата година аеродромот остварил промет од 11,5 милиони патници, што е речиси за 1 милион лица помалку отколку во 2008 година.Чешкиот весник „Право“, повикувајќи се на извори во чешката авиокомпанија, објави дека во еден од плановите за реструктуирање на ЧСА се предвидува во рок од една до три години флотата на авиокомпанијата да се намали за 9 авиони и да бидат отпуштени 130 млади пилоти, кои би биле заменети со нивните постари колеги.Ваква кризна мерка на крајот може да излезе економски неисплатлива поради потребата за преквалификација, која на постарите пилоти треба да им ја плати компанијата. Минатата година бројот на пилотите се намали за 60, од вкупно 530 пилоти колку што броеше претходно.

  • CAA
  • |
  • Dame Gruev 1, 1000 Skopje
  • |
  • Phone + 389 2 3114 046
  • |
  • Fax + 389 23 115 708

developed by artistika