Вести

  • |

МИА, 15.03.2010


Штрајк во Италија против владината економска и имиграциска политика


Најголемиот синдикат во Италија - Заедничка италијанска конфедерација на трудот (ЦГИЛ), денеска организираше 24-часовен штрајк против економската и имиграциската политика на Владата. Протестите предизвикаа хаос во работата на училиштата, болниците, сообраќајот и други општествени услуги. Синдикатот, кој брои шест милиони членови од кои повеќе од половината се пензионери, повика на национален штрајк во сите сектори, нагласувајќи дека Владата на премиерот Силвио Берлускони не успеала да одговори на економската криза. Стотици илјади демонстранти се собраа во центарот на Рим, носејќи плакати со антивладини пораки и пуштајќи балони во воздухот. Според синдикатот, кој организира протести во околу 100 помали и поголеми градови во земјата, Владата треба да ги намали даноците за државните службеници и пензионерите, да даде поголема поддршка за работните места и да го смени правецот на строгата имиграциска политика. Пилотите и аеродромскиот персонал исто така се вклучија во штрајкот на четири часа. што доведе до откажување на летовите на „Алиталија“ и други авиокомпании.

  • CAA
  • |
  • Dame Gruev 1, 1000 Skopje
  • |
  • Phone + 389 2 3114 046
  • |
  • Fax + 389 23 115 708

developed by artistika