Вести

  • |

Алфа ТВ, 14.04.2010


Авионот на Качински го урнал ветер при вториот обид за слетување


Пилотот на авионот во кој загина полскиот претседател Лех Качински, е виновен за несреќата, дознава германски „Билд“ од извори блиски до истрагата.Иако првичните извештаи говореа дека авионот паднал во четвртиот обид за слетување, сега се верува дека паднал во вториот обид.Пред вториот фатален обид, контролната кула му советувала на пилотот да се откаже од слетување и да се упати на друг аеродром.- „Ќе се обидеме последен пат. Имаме доволно гориво во случај на нужда да слетаме во Москва или Минск“, изјавил пилотот Аркадиуш Протасјук.Првите резултати на истрагата покажуваат дека авионот од коридорот за слетување бил оддуван од силен ветер. Тогаш леталото со левото крило удрило во антената, се заротирало околу неа и речиси под агол од 90 степени удрило во земја.При ударот се раздвоиле предниот и задниот дел на авионот. Во предниот дел се наоѓале телата на двајцата пилоти и претседателот Лех Качински, што објаснува зошто нивните тела биле први пронајдени.Повеќето патници, меѓу кои и првата дама Марија Качинска се наоѓале во средишниот дел на авионот, па нивните тела биле распространети по целото подрачје на падот.

  • CAA
  • |
  • Dame Gruev 1, 1000 Skopje
  • |
  • Phone + 389 2 3114 046
  • |
  • Fax + 389 23 115 708

developed by artistika