Вести

  • |

МРТ, 13.04.2010


Авионот на Качински можеби крие доверливи информации


Во Полска стравуваат дека во остатоците од авионот на претседателот Лех Качински, што во саботата се урна кај Смоленск, можеби се кријат податоци што се воена и државна тајна. Во авионот беа и началникот на Генералштабот на полската армија и командантите на авијацијата, копнените сили, морнарицата, специјалните сили и Варшавскиот гарнизон. “Не знаеме што носеле во авионот и дали имало некои информации, што се доверливи“ - изјавил неименуван претставник на полската Агенција за државна безбедност. Полските разузнавачки служби стравуваат дека како што е прекршено правилото дека толку високи претставници на една државна управа, не смеат да бидат во ист авион, можно е тие со себе да носеле преносни компјутери, но и “паметни телефони“ за шифрирани разговори. Доколку ваквите податоци би дошле во несакани раце можат да бидат ризик и за некои доверливи податоци за НАТО. Полските експерти ги вадат сите предмети од остатоците од авионот, а потоа без копирање ги предаваат на анализа во Варшава. “Во авионот не би требало да се најдат носачи на информации со доверливи податоци. Тоа беше само пригодна посета и не планираа никакви официјални средби. Секој има безбедносна лозинка и знае како да постапува со доверливи информации.Никако не можат да се уфрлат во лаптопите и да се носат на пат“, изјави поранешниот шеф на Службата за обезбедување на полските претставници, генерал Мирослав Гавор. Според претставниците на државното обезбедување, Русите без проблеми би можеле да дојдат до овие податоци, но се сомневаат дека тие би ја искористиле оваа трагедија за свои цели. Во Полска многу се цени тоа што Русија максимално им излезе во пресрет на полските органи во истрагата и грижата за семејствата на жртвите, далеку над границите на меѓународните обичаи.

  • CAA
  • |
  • Dame Gruev 1, 1000 Skopje
  • |
  • Phone + 389 2 3114 046
  • |
  • Fax + 389 23 115 708

developed by artistika