Вести

  • |

Нетпрес, 18.04.2010


АЦВ: Mакедонскиот воздушен простор нема да биде затворен


До утре не се очекува облакот од вулканска прашина да навлезе во воздушниот простор на територијата на Македонија, поради што и во моментов не се планира затворање на македонските аеродроми и воздушниот простор, соопштуваат од Агенцијата за цивилно воздухопловство, повикувајќи се на најновата прогноза од Центарот за следење на вулкански активноси во Лондон.

Оттаму информираат дека состојбата редовно се следи и доколку има промени, навремено ќе бидат превземени соодветни мерки и активности. По краткото превентивно затворање на воздушниот простор над земјата во раните утрински часови, во текот на денот забраната била симната и аеродромите во Скопје и Охрид биле повторно отворени. “Поради затвореност, пак на воздушните простори и аеродроми во Европа, интензитетот на авиосообраќајот е сведен на минимум.

Сите летови до Скопскиот аеродром денес се откажани, освен летот од Истанбул“, се наведува во соопштението од АЦВ. Во европски рамки, во моментов отворен е воздушниот простор, само во Македонија, Албанија, Турција, Грција, Кипар, Малта, Јужна Шпанија и Јужна Италија.

Агенцијата ги информира патниците, дека авиопревозникот во случај на откажување на лет е должен да му обезбеди на секој засегнат патник писмено известување во кое се наведени правилата за обештетување и помош.

  • CAA
  • |
  • Dame Gruev 1, 1000 Skopje
  • |
  • Phone + 389 2 3114 046
  • |
  • Fax + 389 23 115 708

developed by artistika