Вести

  • |

Алфа ТВ, 26.04.2010


Британските авиокомпании ја тужат Владата поради забраната за летање


Британскиот воздушен простор беше затворен поради лажни и измислени причини, тврдат авиокомпаниите.Нивен доказ се сателитските снимки кои покажуваат дека облакот од вулканска пепел воопшто не поминал над Велика Британија.

На половина милион Британци им беа откажани летовите а стотици милиони фунти неповратно исчезнаа од благајните на авиокомпаниите поради узбуната која британските власти ја предизвикаа по ерупцијата на исландскиот вулкан Ејафјалајокул, пишува Дејли меил (Daily Mail).„ Очигледно е дека на почетокот од оваа криза имаше недостаток на податоци. Исто така, вистина е и дека пепелта на Британија некое време не беше воочлива“, изјави Џим МекКен од службата за цивилна авијација.

Сега авиокомпаниите, врз основа на сателитските снимки, ја тужат владата поради претрпените загуби од приземјувањето на авионите. Одлуката на националната контрола на воздушниот сообраќај за забрана за летање се темели на компјутерски предвидувања кои покажувале дека облакот од пепел се движи јужно од Исланд. Шефот на авиокомпанијата „Вирџин Атлантика“ Ричард Брансон исто така изјави дека не постоела никаква опасност за летање и тој бара компензација со владата во износ од 1,7 милијарди долари. „Голем дел од одлуката за приземјување на авионите зависеше од Британската влада и затоа сметаме дека токму владата треба да ја искомпензира загубата во авиоиндустијата.

Нашите експерти не кажаа дека нема опасност за летање и дека би било опасно само да се лета над исландскиот вулкан“, изјави Брансон.

  • CAA
  • |
  • Dame Gruev 1, 1000 Skopje
  • |
  • Phone + 389 2 3114 046
  • |
  • Fax + 389 23 115 708

developed by artistika