Вести

  • |

МРТ, 23.04.2010


Велика Британија поради пепелта ги суспендира летовите на Еурофајтер


Велика Британија привремено ги суспендира летовите за вежбање на авионите од типот Еурофајтер Тајфун затоа што инспекторите пронајдоа пепел во моторите на еден од авионите, објави министерството за одбрана во Лондон.

Одлуката следеше два дена по прифаќањето на новите мерки од ЕУ за сигурноста предизвикана од вулканската пепел во атмосферата кои доведоа до отворање на аеродромите во Европа. Министерството објави дека ги прегледало сите авиони и нашло мала количина пепел само во еден авион. Авионот Еурофајтер е развиен во соработка со Велика Британија, Германија, Италија и Шпанија.

  • CAA
  • |
  • Dame Gruev 1, 1000 Skopje
  • |
  • Phone + 389 2 3114 046
  • |
  • Fax + 389 23 115 708

developed by artistika