Вести

  • |

Алфа ТВ, 16.04.2010


Вработените на аеродром не ја примаат храната од Рамстор


Вработените не ја примаат храната од Рамстор која ТАВ ја дистрибуираше на аеродромот. Работниците не веруваат во испоравноста и квалитетот на сендвичите. Тие за денеска подготвиле домашни намирници за оброк. Кујната на Александар Велики е затворена. Сепак Тав ја смирува ситуацијата. На синдикалците им сооптшиле дека немало голема опасност од труењето и дека во иднина ќе се внимава. “Се уште се јавуваат колеги со тегоби во стомакот, затоа нема да ја примаме храната барем до понеделник“ - изјави Стево Тодоровски, претседател на самостоен синдикат.Екипата на АЛФА немаше пристап до кујната на аеродромот - таму каде што се произвела храната која загрози 50 тина вработени.Сендвичи и бели пецива непречено се продаваа единствено во ресторанот во главната чекалница.Тука храната е исправна. Поголем дел од патниците, особено странските не знаат дека имало труење со храна на аеродромскиот персонал. Санитарните екипи имаат примероци од двата оброка која критичниот ден биле на менито. До понеделник ќе се знае што го предизвикало труењето и кој е одговорен за неисправната храна.

  • CAA
  • |
  • Dame Gruev 1, 1000 Skopje
  • |
  • Phone + 389 2 3114 046
  • |
  • Fax + 389 23 115 708

developed by artistika