Вести

  • |

Алфа ТВ, 21.04.2010


Вулканскиот прав дојде и веднаш се повлече од Македонија


Делови од облакот со вулканската пепел од Исланд утрово стигнаа над северните делови над Македонија, но попладневно ветерот ги врати назад. На небото над земјава, со голо око не можеше да се забележи било каква промена бидејќи густината на честичките, според експертите била многу мала. И според здравствените експерти и според Управата за хидромотереолошки работи пепелта немала никакво влијание врз здравјето и животната средина.

По неколкудневни проблеми и авиосообраќајот во земјава денеска се одвива нормално. Полетаа сите авиони според распоредот. Ситуацијата полека се нормализира и во Европа каде се отворени најголемите аеродроми. Според Еуроконтрол, денеска ќе се изведат околу 75% од предвидените 27 500 летови. поголем дел од небото над Европа е отворено, со мали исклучоци како Северна Франција, Северна Германија и Јужните делови од Скандинавија.

Поради заглавените патници и големите загуби, меѓународната асоцијација на авиопревозниците ИАТА уште еднаш ги нападна европските влади за нивните спори одлуки. „Изгубениот вкупен промет во моментов надминува 1,7 милијарди долари и тоа се однесува само на авиокомпаниите. Тоа што е најлошо е фактот дека кризата ја почуствуваа 29% од светските авиопревозници а влијаеше на 1,2 милиони патници дневно“ – изјави Џовани Бисињани, генерален директор на ИАТА. Според последните инфомрации од Исланд, вулканот испушта се помалку прав. Сепак, нема точни прогонози кога ќе престане да испушта пепел и лава.

  • CAA
  • |
  • Dame Gruev 1, 1000 Skopje
  • |
  • Phone + 389 2 3114 046
  • |
  • Fax + 389 23 115 708

developed by artistika