Вести

  • |

МРТ, 20.04.2010


Грчките контролори на летови го одложија штрајкот


Синдикатот на контролата на летање во Грција го одложи штрајкот најавен за 22. и 23. април за да избегне дополнителен застој на авиосообраќајот, предизвикан од облакот вулканска прашина од Исланд. „Имајќи ја предвид настанатата ситуација, не сакаме да придонесуваме кон проблемите на патниците“, изјави вчера претседателот на Синдикатот Ангелос Сотиропулос, при тоа додавајќи дека терминот на штрајкот дополнително ќе биде соопштен. Контролорите минатата недела најавија дека ќе одржат дводневен штрајк во знак на протест поради владините остри мерки за штедење и реорганизација на службата на цивилно воздухопловство.

  • CAA
  • |
  • Dame Gruev 1, 1000 Skopje
  • |
  • Phone + 389 2 3114 046
  • |
  • Fax + 389 23 115 708

developed by artistika