Вести

  • |

Вечер, 21.04.2010


Делови од вулканскиот облак со мала густина вчера поминаа над Македонија - Вулканот се смири, авиосообраќајот се нормализира


Вулканската пепел, што вчера изутрината помина над Македонија, била со мала густина и не претставувала никаква опасност, информираа од Управата за хидрометеоролошки работи.

На скопскиот аеродром Александар Велики" беа реализирани предвидените полетувања и слетувања. Во меѓувреме, интензитетот на вулканот Ејафјалајокул е намален за 80 отсто и столбот од чад е понисок од три километри, соопшти исландскиот Завод за кризни интервенции. Ветерот, што дуваше кон југоисток и кон Европа, се очекуваше да ја смени насоката кон југозапад и кон отворениот Атлантик.

Во Европа вчера требаше да бидат извршени три четвртини од вообичаените летови, јавија од Европската служба за контрола на воздушниот простор - Евроконтрол. Ситуацијата е значително подобрена во споредба со вторникот кога во Европа беа изведени 13.205 летови, што е помалку од половината во споредба со вообичаеното ниво. Вчера се очекуваа да се изведат околу 21.000 летови, а веќе денеска Евроконтрол очекува воздушниот сообраќај над континентот да се нормализира. Најголемата британска авионска компанија Бритиш ервејс" соопшти дека најголемиот дел од нејзините летови ќе бидат насочени кон подалечните дестинации, а дека обнова на кусите летови, главно кон европските градови, ќе почне од денеска.

Поголем проблем за британските власти е враќањето на околу 150 илјади Британци за кои се верува дека се уште се заглавени по европските аеродроми. Оние кои пристигаат во Кале на францускиот брег на Ламанш објаснуваат дека нивните одмори ги чинеле по неколку илјади фунти повеќе, зашто морале да платат за алтернативни превозни средства и за хотелските трошоци настојувајќи да се вратат дома во изминатите шест денови. Се заканува нов посилен вуклан на Исланд Последиците од ерупцијата на вулканот Ејафјалајокул, што го парализира авионскиот сообраќај во Европа, беа тешки, но ако се остварат предвидувањата на геолозите, тоа може да биде само вовед во многу поголема катастрофа.

Се предупредува на ерупција на соседниот вулкан - Катла, којшто се наоѓа на само 20 километри од Ејафјалајокул, а досега во два наврати еруптирал веднаш по активноста на соседниот. Таа ерупција би можела да создаде многу поголем и погуст облак на вулкански чад со страшни последици. Двата вулкани се поврзни со мрежни тунели од магма, а Катла еруптира секои 18 години, па според геофизичарите заканата од ерупција е многу реална. Досега имало само мали потреси под Катла, за кои научниците веруваат дека се последица на поместување на глечерите, но активноста на Катла тешко се мери затоа што е покриен со дебел слој мраз.Авиосообраќајот со загуби од 1,7 милијарди долари.

Затворениот воздушен сообарќај над Европа во последниве шест дена, поради ерупцијата на вулканот на Исланд, за авиопревозниците предизвика загуба од 1,7 милијарди евра. Ваква проценка изнесе Меѓународната асоцијација за авиосообраќај (ИАТА).- Проценката на загубениот приход се однесува само на авиокомпаниите. Кризата погоди околу 30 отсто од светскиот авиосообраќај, а дневно беа заглавени по 1,2 милиони патници, наведе Џовани Бисињани, извршен директор на ИАТА. "Фајненшел тајмс":

Вулканската криза претерана Недоволно прецизните компјутерски софтвери претерале со опасноста од вулканската пепел што го парализира воздушниот простор на Европа, со што е направена голема финансиска штета, пишува британскиот весник "Фајненшел тајмс". Генералниот директор на организацијата на ЕУ за прашања за сообраќај, Матијас Рут, ги нарекол компјутерските програми црни дупки. Тој посочил дека има сомневање за одговорите на прашањата колку концентрацијата на вулканскиот пепел претставува опасност за авионите и со која брзина се таложела истата во атмосферата. Централната контрола на летањето (НАТС) ги отфрли обвинувањата дека претерала со строгоста за забраната. Велат дека прописите, што инаку ги имаат направено производителите на авионски мотори, се строги инсистирајќи на нула толеранција кога станува збор за пепелта и прашта во воздухот

  • CAA
  • |
  • Dame Gruev 1, 1000 Skopje
  • |
  • Phone + 389 2 3114 046
  • |
  • Fax + 389 23 115 708

developed by artistika