Вести

  • |

Алфа ТВ, 19.04.2010


Европскиот авиобизнис пред колапс


Вулканскиот прав од Исланд и денеска го парализира авиосообраќајот од Македонија кон западна Европа. Авионите летаат само кон Истанбул, Загреб, Љубљана и Виена, додека одложени се летовите за Дизелдорф, Брисел, Будимпешта, Прага, но и Белград и Подгорица. Иако Исландскиот прав го нема над Балканот, авионите не сообраќаат бидејќи најголемите аеродроми во Франција, Германија и Велика Британија се затворени. Паркингот на скопскиот аеродром е празен. Доаѓаат само патниците за неколкуте потврдени летови.

Според последните информации, активноста на вулканот во Исланд е намалена, но вулканскиот облак се уште е над Европа. Од Агенцијата за безбедност на авиосообраќајот, Еуроконтрол, велат дека денеска ќе се извршат само 30% од планираните летови. Поради огромните загуби и заглавени патници, меѓународната агенција за авиосообраќај, ИАТА, ги критикува европските влади за некоордираност и за начинот на кој го затвориле европскиот авио простор. „Срамота е и ова е европска мешаница. Го немавме потребното лидерство, им требаше 5 дена за да организираат конференциски повик на министрите за транспорт. Губиме барем 200 милиони долари дневно и имаме 750 000 заглавени патници насекаде. Има ли смисла?“- изјави Џовани Бисињани, генерален директор на ИАТА.

Министрите за сообраќај на европските земји уште од 11 часот се состанаа преку видео врска за да решат како да ја надминат оваа досега најголема криза во историјата на европското воздухопловство. И покрај барањата од компаниите за олабавување, потпретседателот на Европската комисија за траснпорт јасно им даде до знаење дека – независно од загубите, нема да ризикуваат. За Сим Калас - потпретседател на ЕК задолжен за транпорт- „Не може да има компромиси околу безбедноста, работата мора да биде базирана врз основа на докази на науката и мора да ги олесниме и координираме европските решенија ако сакаме да најдеме решенија. „Додека авиопревозниците влегоа во отворен судир со европските власти, дипломатски извори од НАТО објавија дека неколку борбени авиони од типот ф-16 имале дефект на моторите откако прелетале низ вулканската прашина.

Според европските експерти, прашината е опасна бидејќи се топи во моторите формирајќи стаклени наслаги што го спречуваат ладењето и нормалниот доток на гориво. Засега нема точни прегнози до кога исландскиот вулкан ќе испушта прашина над Европа.

  • CAA
  • |
  • Dame Gruev 1, 1000 Skopje
  • |
  • Phone + 389 2 3114 046
  • |
  • Fax + 389 23 115 708

developed by artistika