Вести

  • |

А1, 20.04.2010


Европските аеродроми се отвораат за летови


Нервозата од колапсот во авиотранспортот во Европа предизвикан од вулканот на Исланд се пресели во Брисел. Еуроконтрол е под силен притисок на авиокомпаниите да го отвори воздушниот простор за нормален сообраќај.

Европската комисија да преземе мерки против загубите што ги трпи авио-секторот деновиве. Министрите за транспорт на земјите членки на Унијата на заедничка средба со Еуроконтрол и националните воздухопловни власти. Во Брисел оценија дека состојбата станува неиздржлива и оти повеќе не може пасивно да се чека вулканскиот облак од прашина самиот да исчезне. Но ограничени се и мерките кои можат да се преземат. Природата не нуди голема можност, имајќи ја предвид чувствителноста на секторот. Безбедноста на летањето е најважна и во поглед на тоа нема да се прават отстапки и компромиси, категорична е европската комисија. Меѓутоа притискаат загубите што ги трпи авиобизнисот и економијата воопшто.

Некој аналитичари велат дека се значително поголеми од оние што ги предизвика терористичкиот напад на кулите близначки во Њујорк. Поради тоа моќните авиокомпании со објаснување дека вулканската прашина не е опасна колку што се претпоставува, бараат укинување на забраната за летање.

Сите погледи се вперени кон небото, извештаите на метеоролозите и вулканолозите се очекуваат со нетрпение. Додека авиопревозниците ја пресметуваат загубата, патниците се мачат по аеродромите. Брисел ги повика граничните власти да им издаваат дозвола за времен престој на сите патници на кои им истекуваат визите или кои немаат виза за транзит. Со тоа на илјадници патници кои речиси една недела се заробени во аеродромските згради ќе им се пружи шанса да најдат алтернатива за да го продолжат патувањето.

Да се снаоѓаат мораат и врвните политичари. Претседателот на Европската Комисија Баросо патувал со такси од Барселона до Стразбур. Колку пари потрошил за тоа патување беше едно од најинтересните новинарски прашања на денешната прес-конференција во седиштето на ЕУ. Портпаролите не дадоа одговор.

  • CAA
  • |
  • Dame Gruev 1, 1000 Skopje
  • |
  • Phone + 389 2 3114 046
  • |
  • Fax + 389 23 115 708

developed by artistika