Вести

  • |

Алфа ТВ, 20.04.2010


Европското небо поделено на три зони


Министрите за транспорт од Европската унија синоќа се договорија од денес да бидат намалени ограничувањата за летови над Европа, кои беа речиси стопирани поради вулканскиoт пепел.

Предвидено е да се намалат зоните кои беа забранети за летови, а авиокомпаниите ќе добијат дозвола да летаат само во оние делови од Европа каде нема големо количество на прав од вулканот. Според планот предложен од Еуроконтрол, небото над Европа од денеска е поделено на три зони. Првата, со густа прашина забранета за летање, втората со мало ниво на прашина, делумно отворена за летови и трета која не е погодена од облакот и во која нема никакви забрани за летање.

Од Еуроконтрол изјавија дека ако работите останат според сегашните пресметки и ако вулканот престане да исфрла пепел, до четврток состојбата би требало да се нормализира. Досегашните загуби поради ограничувањата се проценуваат на повеќе од милијарда евра.

  • CAA
  • |
  • Dame Gruev 1, 1000 Skopje
  • |
  • Phone + 389 2 3114 046
  • |
  • Fax + 389 23 115 708

developed by artistika