Вести

  • |

МРТ, 22.04.2010


ЕК-Авиокомпаниите ги кршат правата на патниците


Сите авиокомпании и во време на хаосот над европското небо предизвикан од вулканскиот облак од Исланд мора доследно да ги почитуваат правата на патниците, предупреди денеска Европската комисија и изрази загриженост од бројните информации за нивно кршење.

Секој патник и покрај вонредните околности, согласно европското законодавство, има право на три работи - информации за своите права, развојот на настаните, откажување на летот и доцнењето, потоа има право за соодветно згрижување, што подразбира храна и сместување, како и право на враќање на парите за авионскиот билет или обезбедување на алтернативен пат до крајната дестинација.

Поради вонредните околности, патниците немаат право само на дополнителни финансиски средства, кои можат да ги добијат, доколку летот доцни или е откажан по вина на авиокомпанијата. Еврокомесарот за сообраќај Сим Калас изрази загриженост поради информации за проблемите на патниците при враќањето на пари за билетите или при згрижувањето. Тој смета дека при доделувањето на државна помош на авиокомпаниите заради загубите предизвикани од вулканскиот облак, треба да се земе предвид почитувањето на правата на патниците.

Според последните податоци денеска нормално се одвива 80 отсто од авиосообраќајот во Европската унија.

  • CAA
  • |
  • Dame Gruev 1, 1000 Skopje
  • |
  • Phone + 389 2 3114 046
  • |
  • Fax + 389 23 115 708

developed by artistika