Вести

  • |

Алфа ТВ, 16.04.2010


ЕK: Патниците имаат права што треба да се почитуваат


И покрај вонредната ситуација, правата на патниците со авиони остануваат во сила и тие би требало да се почитуваат. Тоа го изјави заменик претседателот на Ек и комесар за транспорт Сијм Калас во врска со прекинот на летови од аеродроми во десетина држави во ЕУ заради облакот од вулканска пепел создаден по активирање вулкан во Исланд. - „Тоа е ситуација која предизвикува големи потешкотии за патниците и може да се смета за вонредна.

Независно од тоа, важно е да се каже дека патниците имаат права што треба да се почитуваат при такви случаи“, додаде тој. Патниците имаат право да добиваат информации од авиокомпаниите за развојот на ситуацијата, за откажувањето летови или доцнењето, да им даваат храна и пијалоци на аеродромите, да можат да си ги добијат парите назад или да бидат пренесени до крајната дестинација со други превозни средства. Патниците немаат право на обештетување поврзано со вонредната ситуација како што е сегашната.

  • CAA
  • |
  • Dame Gruev 1, 1000 Skopje
  • |
  • Phone + 389 2 3114 046
  • |
  • Fax + 389 23 115 708

developed by artistika