Вести

  • |

МРТ, 20.04.2010


Загубите на авиокомпаниите поради откажани летови се над една милијарда долари


Загубите на авиокомпаниите поради затворањето на воздушното пространство над Европа, се над една милијарда долари. Главниот извршен директор на Меѓународната асоцијација за авио-транспорт Џовани Бисинјани објави дека авиокомпаниите не почувствувале лидерска улога на ниту една од владите во државите од ЕУ. - Требаше пет дена за да се организира разговор со министрите за транспорт, а ние губиме по 200 милиони долари за ден, и 750.000 патници се блокирани на аеродромите во целиот континент. Гледа ли некој смисла во сето тоа?, изјави Бисинјани. Во Франција денеска ќе се одржи средба на министерот за животна средина Жан Луи Борло со претставници на авиокомпании туристички агенции и владини службеници на која ќе биде покренато прашање за давање финансиска помош на компаниите кои имаат загуби. Германското Министерство за транспорт категорично отфрли таква можност.

  • CAA
  • |
  • Dame Gruev 1, 1000 Skopje
  • |
  • Phone + 389 2 3114 046
  • |
  • Fax + 389 23 115 708

developed by artistika