Вести

  • |

Нетпрес, 15.04.2010


Затворена кујната на аеродромот “Александар Велики“


Дирекцијата за безбедност на храна вчера ја затвори кујната на аеродромот “Александар Велики“ откако четириесетина вработени на аеродромот се затруле со храна. “Од амбулантата на аеродромот Александар Велики во Скопје пријавени се лица со знаци на труење од храна кои се вработени на аеродромот, а конзумирале храна подготвена во кујната на БТА Македонија во состав на аеродромот.

Истиот ден е извршена службена контрола од страна на инспектори од Дирекција за храна, Државниот санитарен и здравствен инспекторат и епидемиолошката служба на Центарот за јавно здравје-Скопје“, се вели во информацијата од Дирекцијата.

Инспекторите зеле примероци од храната, брисеви од вработените во кујната, како и од работните површини. Кујната ќе остане затворена се додека не се утврдат причините за труењето на работниците.

Од Дирекцијата инфомираат дека на Клиниката за инфективни болести пред неколку дена биле хоспитализирани четири турски државјани кои исто така се затруле со храна. Турците, според информациите од Дирекцијата, на 11-ти април вечерале во хотелот Александар палас, а потоа јаделе сендвичи во Старата скопска чаршија. Инспекторите, иако кујната на хотелот ги исполнува санитарно-хигиенските услови е затворена превентивно.

  • CAA
  • |
  • Dame Gruev 1, 1000 Skopje
  • |
  • Phone + 389 2 3114 046
  • |
  • Fax + 389 23 115 708

developed by artistika