Вести

  • |

МРТ, 07.04.2010


Затворен меѓународниот аеродром во Багдад


Меѓународниот аеродром во Багдад е затворен, но причините за тоа се уште не се потврдени, соопштија припадници на контролните пунктови на аеродромот. Вработените на аеродромот ги задржале сите патници, а влез во Багдад добиле само службени лица. Припадниците на обезбедувањето и персоналот на аеродромот дадоа различни причини за затворањето на терминалот. Медиумите шпекулираат дека можеби станува збор за терористички закана, со оглед на фактот дека во бомбашки напади во изминатите неколку дена во Багдад загинаа најмалку 60 лица, а над 300 беа повредени.

  • CAA
  • |
  • Dame Gruev 1, 1000 Skopje
  • |
  • Phone + 389 2 3114 046
  • |
  • Fax + 389 23 115 708

developed by artistika