Вести

  • |

Вечер, 12.04.2010


Затоа што украл седум тони керозин од цистерни - Александар Велики остана без шеф на обезбедување


Од вентилите лоцирани под цистерните во канти источувале различна количина на гориво. Со возилата кои ги користело обезбедувањето, керозинот успевале да го изнесат надвор од аеродромот. Горивото подоцна го препродавале Д.М. (50) шеф на обезбедувањето на аеродромот "Александар Велики" и Б.Н. (42) вработен како контролор во мониторинг-центарот завршија зад решетки. Седум тони керозин успеале да украдат од аеродромските цистерни. Од јануари годинава до четвртокот неколкупати во текот на работното време од паркираните цистерни си точеле керозин. Ноќта на осми април успеале од цистерните да извадат 170 литри. Горивото го краделе во ноќните часови кога на пистата немало слетувања и полетувања на авиони, во периодот кога техничкиот персонал бил во работните простории. Двајцата паметно си ја вршеле работата. Од вентилите лоцирани под цистерните во канти источувале различна количина на гориво. Со возилата кои ги користело обезбедувањето, керозинот успевале да го изнесат надвор од аеродромот. Горивото подоцна го препродавале. Ноќта на осми април, полицијата на дело ги фатила крадците. Биле пронајдени пластичните канти, а во возилата во кои го пренесувале горивото пронајдени се траги од млазното гориво. Штетата која двајцата со кражбите на гориво ја нанеле на Макпетрол е 318.459 денари. Доказите до кои дошла полицијата предадени се на вештачење. СВР Скопје, до Основното јавно обвинителство, за Д.М. и Б.Н. поднесе крививични пријави со кои двајцата се сомничат дека во соизвршителство ја злоупотребиле службената положба и овластување. По распитот пред истражен судија одредена им е мерка осумдневен притвор.

  • CAA
  • |
  • Dame Gruev 1, 1000 Skopje
  • |
  • Phone + 389 2 3114 046
  • |
  • Fax + 389 23 115 708

developed by artistika