Вести

  • |

Алфа ТВ, 15.04.2010


Затруени работници на аеродромот Александар Велики


Триесетина вработени на аеродромот Александар Велики се затруле со храна. Поголем дел од нив помош побарале во амбулантата на аеродромот. Седуммина завршиле на Инфективната клиника, но биле пуштени на домашно лекување. Се пожалиле на повраќање, дијареја и грчеви во стомакот, тврдат за АЛФА вработени на аеродромот.Се уште не е утврдено дали аеродромските работници се затруле од сендивичите во ланч пакетите или од некое зготвено јадење кое им се дава како исхрана во работно време. Тоа најверојатно ќе го утврди санитарната инспекција, која неофицијално утрината вршела проверки низ просториите на аеродромот. Фокусот е ставен на салатата од макарони која била на менито за исхрана на вработените.Раководството на ТАВ не соопшти став околу случајот со вработените. Некои од затруените не се појавиле на работните места. Денеска на Александар Велики беше тешко да се обезбедат информации за труењето на вработените.Синдикалниот лидер Марјан Илиевски за АЛФА потврди дека имало труење со храна. “Ке побарам средба со раководството за да дознаеме што се случило за да не се повтори“ - изјавиИлиевски. За сега нема информации дали неисправната храна завршила во некои авиони. На аеродромските работници им следува по еден оброк за 8 часа работа. И на вработените не им е јасно како се затруле затоа што откако ТАВ го презеде аеродромот хигиената е зголемена.

  • CAA
  • |
  • Dame Gruev 1, 1000 Skopje
  • |
  • Phone + 389 2 3114 046
  • |
  • Fax + 389 23 115 708

developed by artistika