Вести

  • |

Нетпрес, 14.04.2010


Идентификувани 64 лица кои загинаа во авионската несреќа во Русија


Семејствата на жртвите кои загинаа во авионска несреќа во Русија, идентификувале 64 од 96 лица, соопшти денеска руското Министерството за итни ситуации. "Досега 64 лица се идентификувани. Првата група од 74 најблиски роднини на загинатите се вратила во Варшава по идентификацијата", изјавил портпарол на Министерството , а пренесува новинската агенција Итар-Тас. Авион Туполев-154 во кој беше полскиот претседател Лех Качински, неговата сопруга Марија и високи политички и воени официјални лица се урна на 10 Април при обид да слета на аеродромот Смоленск во западна Русија. Во несреќата загинаа сите 88 патници и осум членови на екипажот. Полската делегација патуваше на комеморацијата по повод 70 годишнината од масакрот во Катинските шуми, кога советските трупи убија повеќе илјадници Полјаци.

  • CAA
  • |
  • Dame Gruev 1, 1000 Skopje
  • |
  • Phone + 389 2 3114 046
  • |
  • Fax + 389 23 115 708

developed by artistika