Вести

  • |

МРТ, 16.04.2010


Исландскиот вулкан и денеска прави хаос во авиосообраќајот


Пепелот од исландскиот вулкан и денеска предизвикува хаос во авиосообраќајот во северниот и западниот дел на Европа.

Воздушниот сообраќај во Велика Британија ќе биде затворен најмалку до 19 часот по локално време, а летањето е забрането и во Ирска, Белгија, Холандија, Данска, Норвешка, Шведска, Финска, како и во северните делови на Франција и на Германија. Илјадници патници останаа на аеродромите, откако од вчера се откажани најмалку пет илјади летови, а експертите предупредуваат дека облакот вулкански пепел над северна и западна Европа би можел да се задржи уште најмалку еден ден.

Вулканот на глечерот Ејафјалајокул исфрла пепел и прашина во височина од осум до десет километри во воздух, што може да ги оштети авионските мотори. Исланд засега нема проблеми во авиосообраќајот, бидејќи ветрот го носи вулканскиот облак кон Европа. Сепак ерупцијата предизвика големи поплави на Исланд, бидејќи активноста на вулканот го топи глечерот.

  • CAA
  • |
  • Dame Gruev 1, 1000 Skopje
  • |
  • Phone + 389 2 3114 046
  • |
  • Fax + 389 23 115 708

developed by artistika