Вести

  • |

Алфа ТВ, 21.04.2010


Исландскиот вулкан не удри значајно врз македонскиот бизнис


Еднонеделната блокада на авиосообраќајот во Европа не се одрази негативно врз македонските компании. Освен неколкуте бизнисмени кои останаа заглавени по аеродромите, фирмите кои го користат авио транспортот немале проблеми при работењето.

Логистичките компании велат дека доцнеле испораките од неколку европски аеродроми, но дел од штетата ја компензирале со преориентирање кон алтернативни видови на превоз. Нивните клиенти не претрпеле значајни финансиски штети. Фармацевтските компании кои најчесто го користат авионскиот транспорт поминале без последици пред се поради големите залихи со кои располагат. Тур-операторите исто така се без загуби, пред се поради слабиот интерес за авионски аранжмани во изминатиов период. Не очекуваат многу работа ниту за претстојните првомајски празници.

Инаку денеска најголем дел од европските аеродроми беа отворени за сообраќај. Меѓународната асоцијација за воздушен сообраќај ИАТА соопшти дека вулканската активност на Исланд ги чинеше авиокомпаниите најмалку 1,7 милијарди долари загуби

  • CAA
  • |
  • Dame Gruev 1, 1000 Skopje
  • |
  • Phone + 389 2 3114 046
  • |
  • Fax + 389 23 115 708

developed by artistika