Вести

  • |

Дневник, 21.04.2010


Исландскиот вулкан пеплоса 1,7 милијарда долари


Хаосот во европскиот воздушен сообраќај, предизвикан од исландскиот вулкански пепел, досега ја чини авиоиндустријата најмалку 1,7 милијарда долари, соопшти вчера Меѓународната асоцијација за воздушен сообраќај (ИАТА).

Затворените воздушни простори во Европа се одразуваат и врз американската економија, при што може да ја чинат 650 милиони долари. Во ИАТА членуваат 230 авиокомпании, кои вршат 93 отсто од меѓународните летови. Според нејзините податоци, од 17 до 19 април, односно во првите три дена од хаосот авиокомпаниите загубиле околу 400 милиони долари.

Генералниот директор на ИАТА, Џовани Бизињани, забележа дека сегашниот хаос е поголем отколку во периодот по терористичките напади од 11 септември 2001 година во САД. Според Бизињани, 29 отсто од светската цивилна авијација и 1,2 милион патници на ден биле засегнати од затворањето на воздушните простори, што беше наредено од владите поради опасноста за авионите од облакот со вулканска пепел. Според Американската асоцијација за патници, загубите во американската економија во просек се 130 милиони долари дневно и илустрираат до колкав степен е зависен светот од туристичките и бизнис-патувањата.- Можноста за вонредна реакција на властите треба да биде земена предвид при донесување решение за блокирање на толку важна артерија за светската економија.

Економиите што се обновуваат од рецесијата не може да си дозволат вонредна реакција што целосно ќе ги запре патувањата. Имајќи ги предвид тест-летовите во изминатите денови, европските лидери треба да се запрашаат дали тие ограничувања за патување со авион биле неопходни - изјави претседателот на Асоцијацијата, Роџер Доу. Летовите на компаниите меѓу Европа и САД во изминатите денови беа намалени за 78 отсто, при што секој лет може да се процени на 450.000 долари.Претседателот на Меѓународната организација за цивилна авијација, Роберто Гонзалес, вчера изјави дека веќе е безбедно да се лета за Европа, откако властите почнаа да ги укинуваат ограничувањата за летовите.

Европскиот воздушен простор почна постепено да се отвора за сообраќај. - Тоа значи дека сега е безбедно. Никој нема да лета ако постои опасност - рече Гонзалес по средбата со генералниот секретар на Обединетите нации, Бан Ки-мун, во Њујорк. Ербас: Пробниот лет низ пепелта успешен Екипата за пробни летови на европскиот конзорциум „Ербас“ не забележала никакви нерегуларности во однесувањето на авионот и моторите во облакот од пепел, соопшти вчера најголемиот производител на патнички авиони во светот.Првите резултати по пробниот лет во текот на тестирањето покажаа дека „ербас А380 МСН 4“, кој има четири ЕА-мотори, слетал по три часа и 50 минути лет, додека „А340-600 МСН 360“, со мотор „ролс-ројс“, слетал по пет часа лет.Компанијата „Ербас“, која им дава техничка поддршка на надлежните институции што вршат проверка на безбедноста на условите за летање, ги проследи новите информации до надлежните.

  • CAA
  • |
  • Dame Gruev 1, 1000 Skopje
  • |
  • Phone + 389 2 3114 046
  • |
  • Fax + 389 23 115 708

developed by artistika