Вести

  • |

Вечер, 26.04.2010


Кој кому фрла прав в очи? - Вулканскиот облак не ни постоел!


Според "Дејли мејл", метеоавионот кој требал да ги провери овие податоци, цело време бил на бојосување, па полетал кога забраната е укината Сателитските снимки покажуваат дека забраната за летање во Велика Британија била "лажна трегова" и оти облакот со вулканска пепел не се наоѓал на целата територија на оваа земја, а таму како што постоел бил толку разреден што не претставувал никаква опасност, пишува британскиот весник "Дејли мејл".

Максималната густина на пепелта, додава весникот, изнесувала само пет проценти од густината која научниците, владите и произведувачите на авиони и мотори ја одредија како критична. Британската Национална служба за контрола на авиосообраќајот одлуката за забраната на летовите ја засновала врз компјутерските модели на Националната метеоролошка служба, според кои облакот од пепел се движел јужно од исландскиот вулкан Ејафјалајокул.

Овие сознанија требало да ги тестира главниот авион на метеоролошките служби за собирање податоци, но тој успеа да полета дури во вторникот, кога забраната е укината, бидејќи дотогаш бил во хангарот заради бојосување, додава весникот. "Дејли мејл" истакнува и дека директорот на британската авиокомпанија "Бритиш ервејс" упорно тврдел дека целосната забрана на летањето е претерана мерка.

Овие податоци сега ќе ги искористат авиокомпаниите кои од Владата ќе побараат надомест за милионските загуби, нагласувајќи дека поради кризата во авиосообраќајот, во странство се уште се наоѓаат околу 35 илјади Британци.

  • CAA
  • |
  • Dame Gruev 1, 1000 Skopje
  • |
  • Phone + 389 2 3114 046
  • |
  • Fax + 389 23 115 708

developed by artistika