Вести

  • |

Алфа ТВ, 15.04.2010


Лукашенко: Качински е одговорен за несреќата


Белорускиот претседател, Александар Лукашенко изјави дека верува во тврдењето дека полскиот претседател Лех Качински ја дал конечната наредба за слетување на претседателскиот авион, што во саботата наутро се урна во западна Русија, при што загинаа сите патници.„Јасно е кој е одговорен за ова.

Виновен или не, вие сте човекот број еден и вие сте одговорен“, изјави Лукашенко, пренесува Интерфакс.„Ако авионот лета со претседателот во него и се појави некоја неправилност, капетанот му ја пренесува ситуацијата директно на претседателот“, изјави Лукашенко, кој има влошени односи со официјална Варшава поради прашањето на етничките Полјаци во Белорусија.„Претседателот прашува дали авионот може да слета во одредената ситуација.

Речиси секогаш, претседателот го има последниот збор, без разлика дали авионот слетува или не, но пилотите не секогаш мора да ја послушаат одлуката“, вели Лукашенко.Авионот марка Туполев 154 во саботата наутро се урна во близина на аеродромот во близина на рускиот град Смоленск. Во моментот на падот, времето било магливо.

Покрај претседателот Качински и неговата сопруга Марија, загинаа над 90 високи полски политички и воени функционери, претставници на финансиски институции, како и на верски заедници.

  • CAA
  • |
  • Dame Gruev 1, 1000 Skopje
  • |
  • Phone + 389 2 3114 046
  • |
  • Fax + 389 23 115 708

developed by artistika