Вести

  • |

Алфа ТВ, 17.04.2010


Македонскиот воздушен простор ќе се затвори


Скопје ќе биде комплетно отсечено од светот. Вечерва и во текот на ноќта ќе биде затворен воздушниот простор над Македонија- тврдат за АЛФА извори во Еуро Контрол.

Пепелта бавно оди кон југ- покажуваат анализите на експертите во Брисел. Аеродромите во Загреб и во Белград се затворени. Исто како и оние во западна и централна Европа.Александар Велики денеска со откажани летови и нервозни патници.

Последните часови пред да биде затворен само малку авиони слетуваат и тоа од источните држави Трет ден пепелта на исландскиот вулкан го спречува нормалното одвивање на авио сообраќајот. Европа е парализирана. Сите големи аеродроми се затворени. Откажани се повеќе од 22 илјади летови.

Со македонските ќе бидат затворени аеродромите во Бугарија и во Романија. Првите проценки предупредуваат дека штетите се изразени во милијарди евра. Патниците загрижени остануваат да преспијат на аеродромите- „Имав резервирано крстарење и требаше да полетам кон Исланд но ништо“.„Имавме лет од Чикаго и имавме резевирано мотел. Но ситуацијата не дозволува“.„Нашите деца кои се дома се информираат за ситуацијата преку вестите што ги гледаат и ни пренесуваат“- изјавуваат патници. Неизвесноста ќе продолжи до понеделник. До тогаш ќе нема или само минамален број авиони ќе полетаат.

Затворениот воздушен простор ќе ги спречи светските лидери да пристигнат на погребот на полскиот претседател Качински. Нема да полета ниту македонската делегација.

  • CAA
  • |
  • Dame Gruev 1, 1000 Skopje
  • |
  • Phone + 389 2 3114 046
  • |
  • Fax + 389 23 115 708

developed by artistika