Вести

  • |

Дневник, 14.04.2010


Македонски компании ќе ги градат аеродромите


Македонски компании ќе бидат вклучени во изградбата на аеродромот во Скопје, а останува ТАВ да одлучи кои компании ќе ги вршат градежните работи, соопшти министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески.- Во најголем дел македонски компании ќе го понесат товарот за изградба на македонските аеродроми. Тоа за мене е најбитно затоа што македонски работници ќе го изградат аеродромот, а само технички лица од Турција ќе вршат надзор на градбата - појасни Јанакиески.Претседателот на Стопанската комора, Бранко Азески, во оваа пригода ја повика Владата да размисли за продолжување на рокот за намалување на ДДВ-то од 5 отсто, кој завршува во 2011 година во декември. Според него, барањето доаѓа затоа што, подвлече, ова е носечка гранка во Македонија и ги поттикнува и другите инвестициски и економски активности на компаниите и е од интерес на сите таквиот тренд да продолжи. На повикот, министерот Јанакиески потсети дека таквото барање пристигнало во периодот кога се формирале четвртиот пакет антикризни мерки.- Постојано ја следиме ситуацијата. Владата ќе го разгледа ова прашање и ќе донесе став - рече министерот за транспорт и врски.На новинарско прашање дали Стопанската комора смета дека е потребен ребаланс на буџетот, Азески посочи дека оценуваат оти засега не е потребен ребаланс, треба да се почекаат шестмесечните резултати, а после да се разговара.

  • CAA
  • |
  • Dame Gruev 1, 1000 Skopje
  • |
  • Phone + 389 2 3114 046
  • |
  • Fax + 389 23 115 708

developed by artistika