Вести

  • |

Дневник, 13.04.2010


„Матни игри“ во маглата кај Смоленск?


Русите сакаа веројатно да му оневозможат на претседателот Качински да учествува на саботната комеморација, за да се спушти нивото на свеченоста тврди пратеникот Гурски од партијата на која и' припаѓаше и загинатиот претседател Лех Качински Иако сите првични податоци од истрагата за уривањето на авионот со полскиот државен врв укажуваат дека несреќата е последица од пилотска грешка, полскиот пратеник Артур Гурски, од партијата Право и правда (ПС), се сомнева дека „Русите нешто матат“.- Речиси сум сигурен дека Русите нешто матат. Ако се соберат сите информации што ги добиваме, па дури тие и да се однесуваат на различни сценарија, и ако се земе предвид евентуалната намера на Русите, може да се каже, иако без стопроцентна сигурност, дека Русија на некој начин е одговорна за новиот Катин - изјави Гурски за весникот „Нашим џенику“.Коментирајќи ја едната верзија на случувањата, според која авионот четири пати пробувал да слета, Гурски вели: „Русите во контролната кула на воениот аеродром Северниј кај Смоленск упорно не давале согласност за слетување и го упатувале пилотот до Москва или Минск, наведувајќи притоа сомнителни причини: или дека е магла над аеродромот, па дека системот за навигација не работи, бидејќи се поправал, дека патеката била кратка...“.- Русите сакаа веројатно да му оневозможат на претседателот Качински да учествува на саботната комеморација, за да се спушти нивото на свеченоста. Се знае дека претседателот и другите високи гости немало да стигнат навреме во Катин ниту од Минск ниту од Москва, па свеченоста немаше да биде официјална - смета пратеникот.Гурски смета дека на местото на катастрофата „Русите ставиле целосно ембарго на сите информации“.- Се трудеа да имаат целосна контрола над информациите. Никого не пуштаа до остатоците од авионот, а на новинарите што го чекаа пристигнувањето на авионот им беа конфискувани лентите. Фотографиите беа избришани, а мобилните во некои мрежи немаа сигнал - тврди пратеникот од партијата на која и' припаѓаше и загинатиот претседател Лех Качински.Според нови шпекулации, како можна причина за несреќата не се исклучува ниту јазичната бариера меѓу контролата на летот и екипажот на полскиот авион. Руската државна телевизија објави дека пилотите слабо говореле руски, а контролорите, наспроти вообичаениот протокол, не говореле англиски. Според ова сценарио, пилотите не го разбрале барањето да го кренат авионот и да заминат кон Минск или кон Москва. Но полските истражители што се на теренот тврдат дека капетанот одлично говорел руски. Во фокусот на истрагата сега е анализата на црните кутии од авионот за да се откријат последните разговори во пилотската кабина.Пратеникот од ПС укажува и на хаотичните потези во Варшава за пополнување на испразнетите функции.- Добивме сигнали дека Бронислав Коморовски уште во саботата пробал да ја преземе контролата врз Бирото за безбедност и врз Институтот за национален архив, додека се' уште не беа оладени телата на претседателот на архивот Куртка и на министерот за безбедност Шчигла. Наскоро ќе имаме ситуација не само на доминација на една партија туку и диктатура како во комунизмот или во Русија на Путин - смета Гурски.Во кобниот лет требало да биде и Јарослав Качински, братот-близнак на загинатиот претседател Лех. Јарослав Качински бил избришан од листата на патници во последен момент, за да остане во Полска и да се грижи за нивната болна мајка Јадвига. И некои пратеници што требало да патуваат се премислиле во последните неколку дена и своите билети им ги дале на своите колеги.Никој од 96-те лица во авионот не го преживеа уривањето на „туполевот“ недалеку од пистата на аеродромот во Смоленск.Марек Суски, исто така од партијата ПС, споменува дека додека ја чекале делегацијата на Лех Качински на гробиштата во Катин, слушнале информации дека имало проблем со слетувањето, а потоа и дека авионот се урнал. Отпрвин дошла информација дека во авионот бил и Јарослав Качински, кој е лидер на партијата ПС. - Се јавив во Варшава кај колегите. Се покажа дека претседателот на партијата е жив и дека е во главниот град, а беше на првата листа на патници - вели Суски.Погребот на претседателот Лех Качински ќе се одржи в сабота. Неговите посмртни останки вчера беа вратени во Полска, а вчера во Русија беше идентификувано и телото на првата дама, Марија Качинска. Телата на другите жртви се во Москва, каде што во следните два-три дена треба да бидат идентификувани од роднини што допатуваа од Полска.- Ова е мачна процедура. Во многу случаи, посмртните останки може да се идентификуваат само со генетска експертиза - изјави полската министерка за здравство Ева Копач. Таа им се заблагодари на руските колеги за професионалниот и кооперативен пристап.

  • CAA
  • |
  • Dame Gruev 1, 1000 Skopje
  • |
  • Phone + 389 2 3114 046
  • |
  • Fax + 389 23 115 708

developed by artistika