Вести

  • |

Вечер, 19.04.2010


Министерството за здравство будно ја следи состојбата - Од вулканската пепел не постои ризик за здравјето на луѓето


Министерството за здравство и Институтот за јавно здравје информираат дека ја следат состојбата со движење на облаците со пепел од вулканската ерупција во Исланд, кои се наоѓаат над поголем дел од Европа, а во многу слабо изразена форма облакот со вулканска прав ќе мине и над балканскиот регион.

- Се додека пепелта останува во горниот дел од атмосферата, не постои ризик за здравјето на луѓето. Потенцијално влијание врз здравјето може да се почувствува доколку облакот го достигне нивото на земјата.

Досегашните процени говорат дека ниту во европски рамки ниту на национално ниво не е забележано зголемување на концентрациите на цврсти честички со пепел и дека во овој момент нема потреба од воспоставување посебни препораки за ранливите групи на населението - велат од Министерството за здравство. И Агенцијата за цивилновоздухопловство (АЦВ) е во постојан контакт со кризниот штаб на Еуроконтрол, како и со останатите европски метеоролошки служби и давателите на услуги во воздухопловна навигација.

- Во согласност со законските прописи Македонска навигација (М - НАВ) е надлежна да издаде информација до сите авикомпании и аеродроми дека може да дојде до потенцијално загрозување на безбедноста на авиосообраќајот како резултат на појава на вулканска прав - се наведува во соопштението од АЦВ.

  • CAA
  • |
  • Dame Gruev 1, 1000 Skopje
  • |
  • Phone + 389 2 3114 046
  • |
  • Fax + 389 23 115 708

developed by artistika