Вести

  • |

МРТ, 21.04.2010


Облакот од вулканска пепел може да ја чини американската економија 650 милиони долари


Проблемите со воздушниот сообраќај предизвикани од облакот со вулканска пепел, може да ја чинат американската економија 650 милиони долари, соопшти Американската асоцијација на патници. „Загубите во економијата се во просек 130 милиони долари дневно, и илустрираат до колкав степен е зависен светот од патувањата со цел туризам и бизнис“, соопшти асоцијацијата. - Можноста за „вонредна реакција“ на властите треба да биде земена предвид при донесување решение за блокирање на толку важна артерија за светската економија, изјави претседателот на асоцијацијата Роџер Доу. - Економиите што се обновуваат од рецесијата, не може да си дозволат вонредна реакција која целосно ќе ги запре патувањата, нагласи тој. - Имајќи предвид тест-летови во изминатите денови, европските лидери треба да се запрашаат дали тие ограничувата за патување со авион биле неопходни, додаде Доу.

Летовите на компаниите меѓу Европа и САД во изминатите денови беа намалени за 78 отсто, и секој лет може да се процени на 450.000 долари во просек за економијата од страна на патниците.

  • CAA
  • |
  • Dame Gruev 1, 1000 Skopje
  • |
  • Phone + 389 2 3114 046
  • |
  • Fax + 389 23 115 708

developed by artistika