Вести

  • |

А1, 16.04.2010


Одложени летови од скопскиот аеродром


Поради вулканскиот прав кој доаѓа од Исланд, три лета се одложени од аеродромот „Александар Велики“ во Скопје. Контролорите на летање велат дека унгарскиот авиопревозник „Malev“, бриселската авиокомпанија „Airlift service“, како и прашката авиокомпанија, ги откажаа нивните летови.Сепак ќе има летови за Истамбул, Виена, Љубљана и Загреб. Облакот од вулкански прав во моментов се шири кон Јужна и Источна Европа.Поради тоа се создаде најголемата блокада до сега на авио-транспортот во Европа.Според „Eurocontrol“ околу 60% од летовите ќе бидат откажани. Ова попладне само една третина од вкупно 300 летови се реализирани.Соопштение од „Скајвингс“Поради ерупцијата на вулканот на Исланд, повеќето аеродроми во Европа се затворени, од оваа причина Македонската авиокомпанија „Скајвингс“ својот лет за Брисел кој требаше да се реализира денеска во 19 часот го презакажува за во понеделник.За другите дестинации летовите остануваат по утврдениот план за летање, доколку има некои измени патниците ќе бидат навремено известени преку пишаните и електронските медиуми.„Скајвингс“ им се извинува на своите патници. За сите подетални информации можат да се обратат до самата авиокомпанија на телефонот 02/ 3298-655.

  • CAA
  • |
  • Dame Gruev 1, 1000 Skopje
  • |
  • Phone + 389 2 3114 046
  • |
  • Fax + 389 23 115 708

developed by artistika