Вести

  • |

А1, 15.04.2010


Откажани авионските летови во Европа


Приземјени авионите во Велика Британија поради намалената видливост предизвикана од активираниот вулкан во Јужен Исланд.

Облакот од пепелни честички се наоѓа северно од Шкотска се придвижи во јужна насока. Забраната за полетување веќе важи и во Холандија. И норвешките власти веќе затворија дел од воздушното пространство. Во Јужен Исланд регистрирани се земјотреси и поплави. Евакуирани се над 800-тини луѓе.

На аеродромот во Амстердам настанаа вистински турканици по попладневната најава дека се откажани скоро сите летови поради прашината предизвикана од вулканот кој ненадејно еруптирал во Исланд. Ако се земе во предвид дека аеродромот во Амстердам е еден од најголемите во Европа, тогаш неможете ни да замислите како изгледа општа нервоза и паника. На помошните дескови на авио-компаниите за да добиете информации дали вашиот авион ќе полета, кога ќе полета и каде ќе преспиете вечерва, се чека со часови.

Скоро два шаса стои во место екипата на А1. Ако се следат внимателно информациите од холандските телевизии со сигурност, ниту еден авион кон скоро ниту една европска дестинација нема да полета вечерва, а постои можност ситуацијата да биде иста и утре.

  • CAA
  • |
  • Dame Gruev 1, 1000 Skopje
  • |
  • Phone + 389 2 3114 046
  • |
  • Fax + 389 23 115 708

developed by artistika