Вести

  • |

Нетпрес, 14.04.2010


Откажани летови од Подгорица за Лондон, Франкфурт и Париз


Црногорската авиокомпанија Монтенегро ерлајнс ги откажала денешните летови за Лондон, Франкфурт и Париз поради проблемите кои во меѓународниот авиосообраќај ги предизвика пепелот од Исланд.

Од црногорската авиокомпанија за српската новинска агенцијата Бета било кажано дека летовите се откажани поради затворање на аеродромите, како и дека авионите на таа компанија летаат кон европските земји кои не ги затвориле своите воздушни простори.

Ерупцијата на вулканот на Исланд исфрлила огромен облак од пепел кој носен од ветровите се проширил јужно и источно од Исланд и ги принудил властите во неколку земји потполно да ги затворат своите воздушни простори.

  • CAA
  • |
  • Dame Gruev 1, 1000 Skopje
  • |
  • Phone + 389 2 3114 046
  • |
  • Fax + 389 23 115 708

developed by artistika