Вести

  • |

Алфа ТВ, 17.04.2010


Откажани речиси сите летови од македонските аеродроми


Сите полетувања и слетувања од и кон аеродромите во Македонија денеска се откажани поради облакот со пепел од исландскиот вулкан кој предизвика затворање на воздушниот продор на поголемиот дел од Европа.

Претставник на скопскиот аеродромот „Александар Велики“ информираше дека единствено нема да биде откажан летот за Истанбул.Преостанатите летови од скопскиот аеродром за Будимпешта, Цирих, Виена, Љубљана, Подгорица и Диселдорф се откажани, додека целосно неизвесни се летовите од Загреб и Белград кон Скопје, кој се закажани за доцните вечерни часови.Откажан е и единствениот лет, кој денеска беше планиран од охридскиот аеродром „Свети Павле“на линијата Охрид-Цирих

  • CAA
  • |
  • Dame Gruev 1, 1000 Skopje
  • |
  • Phone + 389 2 3114 046
  • |
  • Fax + 389 23 115 708

developed by artistika