Вести

  • |

А1, 16.04.2010


„Пилотите знаеле оти авионот на Качински ќе се урне“


Податоците од „црната кутија“ од авионот кој се урна во близина на Смоленск во Русија покажуваат дека пилотите знаеле оти авионот ќе се урне, соопштија денеска полски официјални лица.

Полскиот државен обвинител Анджеј Серемет изјави дека е јасно оти пилотите знаеле дека несреќата е неизбежна бидејќи авионот удрил во дрвја. „Екипажот бил свесен за неизбежноста од катастрофа оти авионот се тресел откако крилата удриле во гранки од дрвја“, рече Семент.

Портпаролот на полскиот обвинител изјави дека една од трите „црни кутии“ е вратена во Полска додека другите две се испитуваат во Москва. Руски извор тврди дека од снимките може да се заклучи оти никој од патниците не вршел притисок да се преземе ризик и да се слета во услови на магла и слаба видливост.Според него, причина за несреќата била „грешка на пилотот“. Главниот полски обвинител Кшиштоф Парулски смета дека е рано да се донесуваат какви било заклучоци. Според првичните информации пилотите игнорирале предупредувања од контролата на лет во Смоленск да го пренасочат авионот на некој друг аеродром.

Претседателот на Полска Лех Качински, неговата сопруга Марија и дел од државниот врв беа меѓу 96-те патници од авионската несреќа кај Смоленск.

  • CAA
  • |
  • Dame Gruev 1, 1000 Skopje
  • |
  • Phone + 389 2 3114 046
  • |
  • Fax + 389 23 115 708

developed by artistika