Вести

  • |

Вечер, 12.04.2010


Пилотот мораше да се откаже од слетувањето


Доколку се покаже дека пилотот на полскиот претседателски авион по четвртипат тргнал во процедурата на слетувањето наспроти предупредувањата на контролата на летање, тогаш тој сериозно ги прекршил воздухопловните правила, сметаат македонските авиоексперти.Правилата за слетувања во ситуации кога постојат лоши метеоролошки услови се јасни - нема приземјување се' додека не се исполнат минимални услови за видливоста и висината на облачноста. Такви стандарди постојат за секој аеродром.- Поедноставно кажано, тоа значи дека при почнатата процедура на слетување пилотот треба да дојде до определена точка, најчесто оддалечена 2-3 километри од аеродромот и од која тој визуелно мора да ја види пистата. Доколку не ја гледа, тогаш мора да се откаже, да го крене авионот во воздух, горе да чека нова можност или да одлета кон друг аеродром за да слета - вели Николет Тагарински, извршен директор на секторот за воздухопловна навигација во МНАВ.Според него, едно од основните правила во авијацијата е дека одлуката на капетанот на авионот е последна. Но, при ова, екипажот е должен да носи одлуки согласно на метео-условите на локалниот аеродром и на инструкциите на контролата на летањето.- Секако дека е невообичаено екипажот по четвртипат да се обиде да слета на пистата. При последниот обид пилотот сигурно дека добивал предупредувачки сигнали дека е блиску до земјата. Клучно во овој случај е зошто пилотот благовремено не го кренал авионот нагоре и не се откажал од слетувањето кога веќе не можел да ја види пистата - вели Тагарински.Сотир Костов, претседател на Државната комисија за испитување на несреќи и сериозни инциденти во воздухопловство, смета дека ако на крајот излезе дека екипажот не го прифатил укажувањето на контролорите, тогаш постапил несфатливо.- Зачудувачка е таква постапка. Постојат јасни правила за летање и за слетување и сосема е неприфатливо трипати да се обидете да слетате и пак да го направите тоа - потенцира Костов.

  • CAA
  • |
  • Dame Gruev 1, 1000 Skopje
  • |
  • Phone + 389 2 3114 046
  • |
  • Fax + 389 23 115 708

developed by artistika