Вести

  • |

Алфа ТВ, 11.04.2010


Посмртните останки на Качински испратени со воени почести


Со воени почести од воениот аеродром во Смоленск со полски воен транспортер, денеска беа испратени за Варшава посмртните останки на полскиот претседтаел Лех Качински кој вчера загина во авионска несреќа.На испраќањето присуствуваше и премиерот на Русија Владимир Путин кој вчеа заедно со премиерот на Полска Доналд Туск и братот на полскиот претседател Јарослав Качински, положи цвеќе на местото на несреќата.Руски медиуми јавуваат дека посмртните останки на сопругата на Лех Качински ќе бидат испратени дополнително.Авионот на полскиот претседател се урна вчера во близина на Смоленск при што загинаа 96 луѓе кои беа во авионот. На местото на несреќата во Смоленск денеска беше поставена спомен-плоча.Истражниот комитет на руското обвинителство соопшти деенска дека ја исклучува можноста авионската несреќа во која загина Качински да е предизвикана од техничка неисправност на леталото.Истражните органи се повикуваат на веќе слушнатите аудио-записи меѓу пилотот и контролорите на лет.– Подетално ќе ги анализираме работите во Москва, но тврдам дека записот со кој располагаме потврдува оти немало техничка неисправност на авионот, изјави шефот на Комитетот Александар Бастрикин пред премиерот на Русија Владимир Путин, јавуваат руски медиуми.

  • CAA
  • |
  • Dame Gruev 1, 1000 Skopje
  • |
  • Phone + 389 2 3114 046
  • |
  • Fax + 389 23 115 708

developed by artistika