Вести

  • |

А1, 29.04.2010


Пристигнаа првите туристи од Холандија


Вака на скопскиот аеродром беше пречекан авионот на холандската авиокомпанија - Трансавиа. Со него во Македонија допатуваа 130 холандски туристи со директен лет од Амстердам.

За добредојде - добија Македонско вино и лепче.„Знам за историјата на Македонија, за периодот на Отоманците. Јас сум историчар и многу сум заинтересиран за вашата историја, посебно за тој период. Многу сум возбуден и едвај чекам да ги посетам тие места.-Знам неколку работи за Македонија, бидејќи купив книга неколку недели пред да дојдам. Знам малку за историјата и за начинот на живот на луѓето тука“, изјавија анкетираните туристи. Холандските туристи неколку дена ќе престојуваат во земјава. Од Скопје преку Битола ќе го посетат Охрид.

Ова е првата група холандски туристи од најавените пет илјади што треба да престојуваат во земјава оваа сезона. Директните летови еднаш неделно од Холандија за Македонија ќе има од април до октомври годинава.„Ова е само прв лет. Трансавиа ќе лета на релација Скопје-Амстердам еднаш неделно за почеток, но ако има интерес ќе се постави уште еден термин за летање. Фактот што имаме 130 гости денес, на првиот ден од сезоната е многу добар знак“, вели Симоне Филипини.

Скопје е единствениот главен град во Европа што нема директни авиоврски со многу светски метрополи. Македонските граѓани за да стигнат до саканата дестинација менуваат и по повеќе од три авиони. Нискобуџетните авиокомпании ја избегнуваат Македонија. Сега Турците од „Тав“ кои го преземаа управувањето со македонските аеродроми најавија дека скопскиот аеродром Александар Велики ќе стане балкански авиоцентар, чиј најголем конкурент ќе биде виенскиот аеродром.

  • CAA
  • |
  • Dame Gruev 1, 1000 Skopje
  • |
  • Phone + 389 2 3114 046
  • |
  • Fax + 389 23 115 708

developed by artistika