Вести

  • |

Вечер, 14.04.2010


При слетувања на Ербас и Боинг - Повредени над стотина патници


Најмалку 78 патници се повредени вчера кога индонезиски авион со повеќе од 103 патници излета од пистата по слетувањето на аеродромот во источната Папуа провинција, преполовувајќи се. Повредените веднаш се пренесени во најблиската болница. "Авионот Боинг 737-300 на авиокомпанијата Мерпати Ерлајнс со носот заринка во река на 250 метри од аеродромот Маноквари во Папуа", изјави портпаролот на Министерството за сообраќај Бамбанг Ерван. Тој додал дека немало податоци за загинати, но и дека се чекало на детален извештај за несреќата. Локалните медиуми јавиле дека несреќата се случила во услови на силен дожд и магла. Уште пет патници се повредени вчера во присилно слетување на патнички авион Ербас А330 на компанијата Катаи Пацифик на меѓународниот аеродром во Хонг Конг. Авионот со 309 патници и 14 членови на екипажот присилно слетал зашто му откажал еден од двата мотора, рекол портпаролот на компанијата. Притоа му пукнале шест гуми и се запалиле тркалата. Ербасот долетал од индонезиска Сурабаија.

  • CAA
  • |
  • Dame Gruev 1, 1000 Skopje
  • |
  • Phone + 389 2 3114 046
  • |
  • Fax + 389 23 115 708

developed by artistika