Вести

  • |

Вечер, 14.04.2010


Протоколот за патувањата на македонските државници строго се почитува- Сите на небо, еден на земја


Досега не е прекршено правилото шефот на државата и претседателот на Собранието да патуваат заедно. Ваквата забрана е воведена поради уставната одредба која предвидува во случај на несреќа на претседателот, собранискиот спикер да ја преземе функцијата Македонскиот државен врв патува според утврдениот протокол. Според Кабинетите на премиерот, претседателот и првиот парламентарец, строго се почитуваат правилата со цел да се избегнат несакани ситуации. Протоколот забранува шефот на државата и претседателот на Собранието да патуваат заедно, бидејќи согласно прописите, во случај на несреќа на претседателот, собранискиот спикер ја презема функцијата.- Досега ова правило беше почитувано. Доколку дојде до некаква несреќа при заедничкото патување на претседателот и првиот парламентарец, државата би била обезглавена. Иако не е строго наведено дека претседателот не смее да патува со премиерот, досега немало случај тие двајца да заминат заедно на пат - велат од Кабинетот на претседателот Ѓорѓе Иванов. Иванов најчесто патува со владиниот авион Лирџет 60. Во последните неколку месеци речиси сите негови патувања биле со овој авион. Кога се работи за поблиски дестинации патува и со автомобил. Со комплетно обезбедување со автомобил патувал во Валона, Белград и Нови Сад. Се случува да се организира и патување со комерцијален лет. Патувал со поголема државна делегација, при што строго бил почитуван протоколот. Дали постојано се менува маршрутата при движење на претседателот низ Скопје останува државна тајна. Според обезбедувањето автомобилот со кој се вози претседателот е под постојана придружба и се затвораат улиците по кои поминува. Од Кабинетот на собранискиот спикер, Трајко Вељановски велат дека препораките и конечната одлука за тоа на кој начин ќе патува првиот човек на Собранието ги носи МВР. - Кабинетот доставува информација до службите за периодот и местото на патување и потоа тие одлучуваат. За службените патувања во странство на кои претседателот на Собранието оди со авион, се користат комерцијални летови и владиниот авион. Кој авион ќе се користи зависи од тоа колкав број патници ќе сочинува собраниската делегација или од дестинацијата. Владиниот авион не е многу голем. Доколку се користи владиниот авион се доставува барање за собраниските служби да знаат дали е слободен во тој период или не - велат од Кабинетот на Вељановски. Кога се користи автомобил во земјава, најчесто напред пред автомобилот на првиот парламентарец оди еден автомобил "чистач" и во колоната, како придружба уште два-три полициски автомобили. Доколку се работи за посета на странска држава со автомобил, според надлежните во Кабинетот, македонските служби за обезбедување се грижат за безбедноста на претседателот на Собранието, а од граница обезбедувањето го презема другата држава, иако и дел од нашето обезбедување останува во колоната. Сепак и за патувањето со автомобил, конечната одлука ја носи МВР по информација од Кабинетот на претседателот на Собранието, за видот на патувањето. Во Кабинетот на премиерот Никола Груевски не сакаа да зборуваат за безбедноста при патување. Велат за премиерот се грижи обезбедување обучено во Израел и Америка.Македонскиот државен врв не сакаше да коментира дали обезбедувањето е зајакнато по обидот за атентат на првиот македонски претседател Киро Глигоров и по загинувањето на претседателот Борис Трајковски во авионска несреќа во БиХ. Во 2005 година Македонија набави "лирџет 60" од САД за кои плати 11 милиони долари од Буџетот. Меѓутоа авионот досега двапати принудно слета поради проблеми, последниот пат во мај минатата година кога премиерот Никола Груевски од Брисел патуваше на состанок со претседателот Никола Саркози во Париз. Според официјалната верзија, откажале радарите на авионот, а белгиската контрола на летање тогаш соопшти дека не станува збор за сериозен инцидент.

  • CAA
  • |
  • Dame Gruev 1, 1000 Skopje
  • |
  • Phone + 389 2 3114 046
  • |
  • Fax + 389 23 115 708

developed by artistika