Вести

  • |

Алфа ТВ, 01.04.2010


Се запалиле гуми на авион при слетување


При слетувањето на сиднејскиот аеродром на авионот A380 на компанијата “Qantas“, му се запалиле гумите.Настанот бил снимен од камерата на опашката од авионот, но и неколку патници на своите телефонски камери успеале да фатат дел од пожарот.Во инцидентот за среќа нема повредени, а во авионот што летал од Сингапур во Сиднеј и требало да слета на аеродромот Кингфорд Смит, имало 244 лица.Надлежните лица моментално ги истражуваат причините за палењето на гумите.„Пилотот беше многу добар, бидејќи јас воопшто не знаев што се случува. Цело време се чувствував сигурен“, рекол еден патник по излегувањето од авионот.Но некои патници ги виделе гумите во пламен и глетката не ги оставила рамнодушни.„Бев исплашен, а останатите беа прилично смирени и опуштени“, рекла една патничка, а друга додала дека “се гледале многу искри и чад“.„Ова се случува многу ретко и досега не ни се случило вакво нешто “, рекла портпаролката Оливиа Виртх, портпаролката на Qantasa.

  • CAA
  • |
  • Dame Gruev 1, 1000 Skopje
  • |
  • Phone + 389 2 3114 046
  • |
  • Fax + 389 23 115 708

developed by artistika