Вести

  • |

Алфа ТВ, 20.04.2010


Скопскиот и охридскиот аеродром отворени за сообраќај


Скопскиот аеродром „Александар Велики“ е отворен за сообраќај. Првото слетување за денеска е најавено од Виена во 12 часот и 30 минути, а од утринава реализирани се летовите Скопје - Белград и Скопје - Подгорица.Од аеродромот информираат дека во изминатите денови поради опасноста од облакот од пепел од вулканот во Исланд биле блокирани летовите од Европа кон Скопје и обратно. Охридскиот аеродром „Апостол Павле“ е отворен за сообраќај, но до сабота не се планирани летови.

  • CAA
  • |
  • Dame Gruev 1, 1000 Skopje
  • |
  • Phone + 389 2 3114 046
  • |
  • Fax + 389 23 115 708

developed by artistika