Вести

  • |

Алфа ТВ, 18.04.2010


Состојба на воздушниот простор во Европа


Аеродромите низ многу европски земји, постепено почнаа да се отвораат попладнево по неколкудневен прекин во авиосообраќајот кој беше предизвикан од облаците од пепел и прав кои се појавија над Европа по ерупцијата на вулканот на Исланд. Сепак, се уште има голем дел од континетот каде има забрана за летање.Велика Британија – Целиот воздушен простор ќе биде затворен до 20 часот по локално време.Ирска - Целиот воздушен простор ќе биде затворен до утре наутро во 8 часот.Франција – Затворањето на воздушниот простор е проширено на југот на земјата.

Аеродромите на северниот дел ќе бидат затворени до 2 часот наутро, а на југот ќе нема летови до утре попладне. Аеродромите во париз ќе бидат во застој се до утре наутро.Германија – Германската агенција за воздухопловна безбедност дозволи да бидат отворени за сообраќај шест германски аеродроми. Целиот воздушен простор беше затворен до 20 часот.Австрија – Австриската воздухопловна агенција за вечерва најави проценување на метеролошките услови и резултати од пробните летови. Аеродромите ќе бидат затворени до 2 часот наутро.

Единствените летови кои се дозволени се оние над 12 илјади метри.Белгија - Воздушниот простор ќе биде затворен до 20 часот.Холандија - Целиот воздушен простор ќе биде затворен до 20 часот.Швајцарија – Аеродромите ќе бидат затворени до 8 часот наутро. Дозволени се само одредени летови со висина над 11 илјади метри.Италија - Воздушниот простор на северот на земјата ќе биде затворен до 2 часот наутро.Шпанија – Шпанската управа за авијација соопшти дека попладнево биле отворени аеродромите на северот и истокот на земјата. Вкупно 12 аеродроми беа затворени до денеска до 14 часот.Шведска – Сите аедроми ќе бидат затворени, освен оние на северот.Данска – Воздушниот простор ќе биде затворен до 20 часот.Финска – Воздушниот простор ќе биде затворен до утре до 11 часот.Норвешка –Денеска беше отворен само дел од воздушниот простор над земајта. Властите воведоа рестрикции за летање во централните и северните делови на земјата. Воздушниот простор на крајниот север и југ, вклучувајќи го и Осло, ќе биде и натаму затворен.Бугарија – Воздушниот простор е и натаму затворен.Полска – Воздушниот простор е и натаму затворен. Дозволени се само летови над 6.100 метри.Чешка - Воздушниот простор ќе биде затоврен до утре наутро во 6 часот.Словачка - Воздушниот простор е затворен до вечерва.Русија – Руските авиокомпании ги откажаа летовите за бројни дестинации низ Европа, но летовите низ земјата се дозволени.

  • CAA
  • |
  • Dame Gruev 1, 1000 Skopje
  • |
  • Phone + 389 2 3114 046
  • |
  • Fax + 389 23 115 708

developed by artistika