Вести

  • |

А1, 20.04.2010


Состојба на европските аеродроми


Шести ден по ред голем број аеродроми се затворени заради густиот облак од пепел од вулкан во Исланд. Состојба во 6:25 по Гринич. Австрија - Воздушното пространство отворено од 3:00 по Гринич во понеделникот.Белгија - Воздушното пространство затворено до денеска до 6:00. Можно е давање дозвола за авиони да слетуваат од 12 часот по Гринич и некои да полетаат.БиХ - Аеродромите се отворени.Велика Британија - Постепено отворање на воздушното пространство од 6:00 по Гринич. Бритиш Ервејз ги откажа сите летови. Бугарија - Воздушното пространство и аеродромите се отворени. Чешка - Воздушното пространство и аеродромите се отворени од вчера. Данска - Воздушното пространство отворено за летови над 10.800 метри. Естонија - Воздушното пространство затворено од 7:00 до 12:00 по Гринич. Финска - Воздушното пространство затворено до 15:00 по Гринич денеска. Франција - Планирано постепено отворање на аеродромите и ослободување на коридорите за летови од 6:00 по Гринич. Германија - Воздушното пространство е затворено со некои исклучоци до 12:00 денеска по Гринич. Унгарија - Затворено воздушното пространство во западниот дел под 6.000 метри. Ирска - Воздушното пространство ќе биде затворено до 12:00 денеска по Гринич. Италија - Воздушното пространство требаше да биде отворено одново во 6:00 по Гринич.Луксембург - Воздушното пространство беше затворено до вчера. Црна Гора - Отворени се аеродромите.Холандија - Аеродромот во Амстердам е отворен од вчера во 18:00 по Гринич. Норвешка - Воздушниот сообраќај се одвива нормално во поголем дел од државата вклучително и од аеродромот во Осло.Полска - Од утрото повторно е затворено воздушното пространство.Романија - Воздушното пространство одново е затворено.Русија - Сите аеродроми се отворени. Србија - Аеродромите се отворени.Словачка - Источното воздушно пространство е отворено како и во останатиот дел од државата за летови над 7.500 метри. Аеродромот во Братислава е затворен. Словенија - Вчера беше времено отворено воздушното пространство, но утрово објави дека се очекува нов облак и веројатно пак ќе го затвори денеска воздушното пространство.Шпанија - 17 аеродроми се отворени.Турција - Сите аеродроми се отворени.Швајцарија - Службите за цивилна авијација одлучија денеска да го отворат националното воздушно пространство од 6:00 по Гринич по четири успешни тест-летови.

  • CAA
  • |
  • Dame Gruev 1, 1000 Skopje
  • |
  • Phone + 389 2 3114 046
  • |
  • Fax + 389 23 115 708

developed by artistika