Вести

  • |

Алфа ТВ, 08.04.2010


Спојување на „Бритиш Ервејс“ и „Иберија“


„Бритиш Ервејс“ и шпанската авио компанија „Иберија“ потпишаа договор за спојување со кој ќе се формира една од најголемите авиопревознички групации на светот - соопштија денеска двете компании.Се очекува дека спојувањето ќе биде завршено до крајот на 2010 година и дека на партнерите ќе им овозможи годишна заштета од 400 милиони евра. Исто така се очекува дека спојувањето ќе им биде од корист на акционерите, патниците и на вработените – велат од компаниите кои всушност ќе продолжат да летаат под своите имиња. Со 408 авиони кои годишно пренесуваат 58 милиони патници на 200 дестинации, новата група ќе стане третата најголема во Европа и шестата најголема во светот.

  • CAA
  • |
  • Dame Gruev 1, 1000 Skopje
  • |
  • Phone + 389 2 3114 046
  • |
  • Fax + 389 23 115 708

developed by artistika