Вести

  • |

Алфа ТВ, 06.04.2010


ТАВ сепак добил отстапки од власта !?


Власта со предложените измени на законот за воздухопловство сака да го затскрие криминалниот договор за концесија со ТАВ, од кој државата ќе претрпи штета од најмалку 50 милиони евра, обвини опозицијата во парламентот.

Предлог измените на законот за воздухопловство за СДСМ се обид да се легализира делот од концесискиот договор со кој ТАВ е ослободен од обврската да издвојува дел од аеродромската такса за финансирање на Агенцијата за воздухопловство. - „Значи ниту има обврска да плаќа 50 милиони евра на сметката на АЦВ во наредните 20 години, ниту пак ќе плаќа од почеток концесиски надоместок, туку сте му дале грејс период. Зароа овие средства ќе се исплаќаат од буџетот“, изјави Емилијан Станковиќ од СДСМ.- „Им признавате како дел од концесискиот договор процент од луѓето што ќе си купуваат карти дека се тоа пари од ТАВ. Не знам како е тоа можно“, изјави Јани Макрадули.

Заменик министерот за транспорт и врски Горан Михајловски образложи дека предложените законски измени се во согласност со европските регулативи. Новиот начин на именување на директорот и управниот одбор на Агенццијата за цивилно воздухопловство ќе овозможела целосна независност на овој орган. Сепак, Михајловски не објасни како директорот на АЦВ во иднина ќе биде политички независен ако се знае дека во критериумите за неговиот избор во иднина нема да стои дека тој не треба да доаѓа од политичка партија.

Концесискиот договор со ТАВ по две одложувања стапи на сила на први март. Сепак на терен се уште не започнале градежните активности за модернизација на аеродромите.

  • CAA
  • |
  • Dame Gruev 1, 1000 Skopje
  • |
  • Phone + 389 2 3114 046
  • |
  • Fax + 389 23 115 708

developed by artistika