Вести

  • |

Нетпрес, 09.04.2010


Турска компанија сака да го купи “Јат“


“Туркиш ерланјс“ сака со Србија да оформи заедничка авиокомпанија, што ќе биде реконструкција на сегашниот “Јат“, открива “Прес“. Од турската компанија им предложиле на српската влада само една измена, “Јат ервајз“ заедно со нив да ја основаат авиокомпанијата под името “Ер Србија“, пренесува “Прес“. Турците се спремни со 51 отсто сопствеништво да преземат улога со десет нови авиони. Според оваа идеја Турците од “Јат“ ќе ги преземат пилотите и останатиот екипаж, а државата со новата компанија ќе си обезбеди третман на домашен авиопревозник. Стручните лица предвидуваат дека ако “Јат“ не ја прифати оваа понуда, фирмата би можела да оди под стечај, бидејќи има долг од 150 милиони евра.

  • CAA
  • |
  • Dame Gruev 1, 1000 Skopje
  • |
  • Phone + 389 2 3114 046
  • |
  • Fax + 389 23 115 708

developed by artistika